Рецептот е постар од мене самата, од мајка ми… го памтам уште од детството. Ова е вистинкиот мирис и вкус од детството!

Потребни состојки:

6 белки
200 г шеќер
150 г брашно
100 мл масло
150 г микс од сечкани ореви, сечкани суви кајсии и суво грозје
малку рендана кора од лимон

Постапка:

Изматете белки во цврст снег со постепено додавање на шеќер. матете додека шеќерот целосно да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег додадете масло и изрендајте малку лимонова кора, па внимателно промешајте го и брашното со постепено додавање. Не се става прашок за печиво.

Мешајте со лажица, полека, со превртување за да се сочува пенливоста на смесата. На крај додадете го миксот од ореви и суво овошје и убаво изедначете.

Калапот за срнечки грб намастете го со путер и наросете го со брашно. Распоредете ја во него приготвената смеса и израмнете.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Проверете со стапче дали е готов.

Почекајте да излади, па потоа превртете го на чинија. За да се исече убаво, почекајте колачот целосно да излади. одозгора наросете шеќер во прав.

Фото и рецепт Наталија/coolinarika.com