Претходно многу се пишуваше за папокот и за фактот дека овој дел од телото собира најмногу нечистотија. Сите знаеме дека папокот треба внимателно, детално и редовно да се чисти, но тоа не е сè…

Еве што треба да знаеме за папокот:

1.Папокот е всушност лузна на нашето тело

Се формира кога папочната врвка ќе се исече при раѓањето. Преку нејзе бебето се храни додека се наоѓа во мајчиниот стомак. Но кога ќе се отсече останува замо белег-лузна на нашето тело.

2.Обликот на белите дробови се менува во текот на животот

Повеќето бебиња се раѓаат со испапчен папок, па со текот на времето неговиот облик се менува. Само кај 10% од случаите се задржува неговата прва верзија.

3.Се менува и папокот на трудницата

Кај некои идни мајки, во текот на бременоста им се менува формата на папокот и тој станува поизразен. После пораѓајот се враќа во својата првобитна положба.

4.Кожата на папокот има “добро памтење”

Овој дел од телото е омилено место, кај многумина, за пирсинг. На чувствителната кожа на папокот и подрачјето околу него, потребни и се 6-12 месеци за да закрепне по отстранувањето на пирсингот.

5.Папокот може да има чуден мирис

Подложен е на размножување на бактерии и појава на инфекции, а доколку не се одржува неговата хигиена, може да “произведува2 многу чуден и непријатен мирис.

Бидејќи мажите често на папокот имаат влакна, кај нив оваа состојба е уште посериозна.

6.Најголемо изненадување

Се вели дека секој папок е единствен. Додека за некои луѓе овој дел е многу привлечен, има и такви луѓе на кои погледот врз нечиј папок им е одвратен.

7.Го стимулира уринарниот тракт

Допирот врз папокот стимулативно делува врз уринарниот тракт. На тој начин се стимулира и надразнува ткивото на папокот и ткивото на абдоменот кое се наоѓа околу него.

При ваквиот стимуланс се испраќа порака до ‘рбетниот мозок, која испраќа сигнали до вашиот уринарен тракт и се добива потреба за мокрење. Доколку го притиснеме ткивото околу папокот, нема да го добиеме истиот ефект, бидејќи само ткивото во самиот папок е најчувствително.