Ако имате литар млеко и грст јагоди направете брз и многу вкусен десерт кој е толку кремаст и освежителен што веднаш го јадеме со лажица…
Вкусен непечен десерт со јагоди и нежен крем кој се топи во уста. Многу лесно, брзо и неодоливо вкусно.
Ако ви се допаѓа идејата за овошна торта приготвена за многу кратко време, без печење, а со вкус на чискејк, тогаш сте на вистинското место.
Овој рецепт вреди да си го запишете, бидејќи не само што ќе добиете многу вкусен колач, туку секогаш ќе ве отстрами пред ненајавените гости.
Се приготвува многу брзо, а има вкус и изглед како да е излезен од слаткарница. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г бисквити (мелена плазма),
100 г путер,
1 литар млеко,
2 кесички пудинг со вкус на ванила (80 г),
6 лажици шеќер (или по вкус),
300 г јагоди (може и друго бобесто овошје),
500 мл вода,
1 пудинг со вкус на јагода (40 г),
4 лажици шеќер
ПОСТАПКА (за калап 15х20 см):
Растопете 100 г несолен путер во микробранова печка или на многу тивок оган. Директно во калапот во кој ќе го правите колачот истурете ја мелената плазма – 250 г (или мелени бисквити по ваш избор) и додајте го растопениот путер.
Мешајте додека да се соединат состојките и да добиете конзистенција на влажен песок.
Откако убаво ќе се измешаат плазмата со путерот, со шпатула или лажица распоредете ја рамномерно на дното и лесно притиснете одозгора за да се израмни и притисне. Ова е подлогата на колачот.
Во едно тенџере истурете еден литар млеко, додајте две кесички пудинг со вкус на ванила (76 г – 80 г) и 6 супени лажици шеќер или по вкус. Добро изматете со жица маталка додека да се изедначат состојките, да нема грутчиња.
Потоа тенџерето ставете го на оган и загревајте на умерена температура додека да се згусне со непрекинато мешање. Пудингот веднаш додека е топол (директно од рингла) излејте го врз подлогата од кекси. Распоредете и израмнете.
Јагодите претходно измиени и исцедени исечкајте ги ситно. Може да користите и малини во комбинација со пудинг од малини, или банани во комбинација со пудинг од карамел или чоколадо…изборот е ваш.
Во едно тенџере ставете 500 мл вода и додајте една кесичка пудинг со вкус на јагоди и 4 супени лажици шеќер…
*(овде шеќерот се додава по вкус, па доколку користите покисело овошје ставете повеќе, а ако користите послатко овошје, тогаш ставете помалку).
Промешајте убаво додека да се раствори прашокот и да нема грутчиња, па повторно ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека смесата да се згусне.
Оваа смеса излејте ја врз пудингот од ванила, а одозгора наредете ги јагодите. Оставете да се олади пред послужување.