Хашимото е едно од најчестите нарушувања на тироидната жлезда кое се јавува кај еден на 100 па-циенти. Болеста ја открил и опишал јапонскиот лекар Хакану Хашимото во 1912 година, по кого и е именувана. Исто така, се нарекува Хроничен автоимун тироидитис или Хашимото тироидитис.

Опаѓањето на косата често се поврзува со дисфункција на тироидната жлезда односно Хашимото. Според податоците на Светската здравствена организација, околу две милијарди луѓе во светот стра-даат од нару-шувања на тироидната жлезда.

Станислава Михова




А за жал оваа бројка се зголемува секоја година. Честопати, болестите на тироидната жлезда се поврзани со други болести. А поради маскираните симптоми, обично се бара помош од лекар кога болеста веќе напредувала.

Што е Хашимото?

Важно е да се напомене дека Хашимото е автоимуна болест. Ова, едноставно значи дека нашиот имунолошки систем работи против нас. Автоимуните болести се дефинираат како нару-шувања во кои имуниот систем го напа-ѓа телото наместо да го чува и штити од разни бактерии и вируси.

Станислава Михова




Кога имунолошкиот систем функционира нормално, тој ги препознава сопствените клетки кои треба да ги штити и туѓите клетки кои треба да ги на-падне. Кај автоимуните болести, имунолошкиот систем не прави разлика помеѓу сопствените и не-пријателските клетки. Поради тоа, лачи протеини, односно автоантитела кои напа-ѓаат здрави клетки.

Станислава Михова




Научниците сè уште не успеале да најдат соодветен одговор на прашањето зошто имунолошкиот систем го напаѓа сопствениот организам. Она што е познато е дека бројот на автоимуни болести се зголемува од година во година.

Причината за ова, според некои експерти, треба да се бара во современиот начин на живот. Или акумулираниот ст-рес и прекумерната потрошувачка на индустриска и термички обработена храна што предизвикуваат зголемени воспалителни процеси во организмот. Хашимото тиреоидитис е едно од најчестите автоимуни заболувања денес.

Станислава Михова




Хашимото како главен виновник за опаѓање на косата

Симптомите на Хашимото често се поврзани со забрзаниот начин на живот и тешко е да се детектираат на почетокот како нару-шување. Заморот, поспаноста, летаргијата често се припишуваат на ст-рес при работа, натрупани обврски и недостаток на време за себе и одмор.

Меѓутоа, кога косата почнува да опаѓа сè повеќе, повеќето жени веќе знаат дека треба да направат тест на кр-вта i да ги проверат тироидните хормони Т3 (тријодотиронин) и Т4 (тироксин).

Станислава Михова




Тироидната жлезда се наоѓа во вратот. Во областа на ларинксот и има исклучително важна улога за нормално функционирање на целиот организам. Прекумерното лачење или производство на хормони Т3 и Т4 се нарекува хипертироидизам.

Како резултат на тоа, оваа состојба ги забрзува сите процеси во организмот. Вклучувајќи чести или ретки столици, губење на тежината со нормален внес на храна, тахикардии, нару-шувања на спиењето, нер-воза, па дури и агре-сија.

Станислава Михова




Од друга страна, намалената секреција на хормоните Т3 и Т4 предизвикува нару-шување во работата на тироидната жлезда, наречено хипотироидизам. Симптомите се постојан замор, поспаност, опстирпација, задржување на вода во организмот, слаба и безжи-вотна коса која често се масти и опаѓа.

Станислава Михова




Ако, покрај опаѓање на косата, постои и нару-шување на мен-струалниот циклус, зголемување на телесната т ежина, чести главоболки, многу е веројатно дека болеста веќе напредувала. Хашимото се јавува кај 10% од жените и 6% од мажите, а главната причина за болеста е генетски фактор.

Секако, тоа не мора да значи дека болеста ќе биде наследна, но предупредува на превенција и здрав начин на живот, а пред сè на исхрана, бидејќи спротивното однесување може да биде предизвикувач на болеста.

Станислава Михова




Како да спречите опаѓање на косата кај Хашимото?

Ако ви е дијагностициран Хашимотов синдром и еден од неговите симптоми е опаѓање на косата, важно е редовно да ја пиете пропишаната терапија i да ги следите сите упатства на лекарот. Покрај ова, важно е да се напомене дека некои лекови кои се користат во третманот на тироидната жлезда, исто така, може да резултираат со пореметувања на растот на косата.

Овие се првенствено антитироидни лекови како што се „Карбимазол“ и „Пропилтиоурацил“, кои како несакан ефект можат да имаат зголемено опаѓање на косата. Затоа е потребно да се следат советите и мислењето и на ендокринолозите и на трихолозите – специјалисти за проблеми со опаѓање на косата.




Кај Хашимото нару-шувањата во растот на косата се јавуваат на ниво на фоликули, нормалниот циклус на раст на косата е скратен, паѓа предвреме, и во потеш-ки случаи, престануваат да се создаваат нови влакна.

Во почетните фази, косата ја губи својата влажност, се разретчува, истенчува и п ука. Ако третманот не се започне на време, косата станува се потенка и потенка, понекогаш паѓа во кругови, додека целосното опаѓање на косата е поретко.




ПРИРОДНА МАСКА ЗА КОСА – РЕЦЕПТ НА СТАНИСЛАВА МИХОВА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 полна голема лажица кисело млеко, 1 лажица јаболков оцет или лимонов сок, 1 лажица мед, по желба жолчка од јајце.

Постапка: сите состојки соединете ги во хомогена смеса. Киселото млеко оставете го претходно да се стопли на собна температура, зошто ако го извадите директно од фрижидер и го нанесите на главата, ќе ви биде непријатно ладно.

Смесата нанесете ја на коренот од косата, а доколку ви остане од смесата премачкајте ја целата коса. Потоа завиткајте ја во кеса или специјална капа, фиксирајте со пешкир за да се сочува топлината и оставете да делува половина час.

Потоа измијте ја косата со вашиот вообичаен или специјален шампон против опаѓање чиј рецепт можете да го прочитате ОВДЕ. Од маската станува многу мека и сјајна и го зацврстува коренот, го исхранува и спречува опаѓање. Користете ја двапати неделно. Презентацијата на Станислава погледнете ја ОВДЕ.