Ова е еден старински колач кој мајка ми многу често го приготвуваше. Се прави од само четири состојки, без брашно и миксер, а многу, многу добар, би рекла одличен. Го има во оние старите готвачи, па доколку сте ги сочувале од вашите мајки или баби, сигурно ќе го најдете таму под називот „Бубини штангли од орев“ – Гага Херц.
Потребни состојки: 250 г мелени ореви, 250 г суво грозје, 200 г шеќер, 4 јајца. Секако, ова е основниот рецепт, но тој може да претрпи измини, па така, наместо суво грозје да користите кандирана брусница или друго овошје, а наместо ореви да користите кикирики или лешници. Навистина комбинации има безброј. И уште: чоколадна глазура или шеќер-карамел
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад измешјте ги мелените ореви, сувото грозје, шеќерот и целите јајца, така да се соединат сите состојки рамномерно. Еден средно голем плех намастете го и наросете го со брашно или едноставно обложете го со хартија за печење.
Смсата излејте ја во приготвениот плех, рамномерно распоредете ја да биде со дебелина од приближно 2 см. Потоа ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу половина час.
Печениот колач прелијте го со чоколадна глазура, почекајте да се олади, па сечете го на штангли. Чоколадната глазура пригответе ја по сопствен избор: можете чоколадото едноставно да го растопите со две-три лажици масло, или да го растопите во слатка павлака. Во оригиналниот рецепт еве каква глазура се користи:
Во рецептот за овој колач од Големиот народен готвач (Велики народни кувар) од 1956 година, печениот колач се прелива со глазура која се добива од 12 коцки шеќер растопени во 3 лажици вода во која се додала ванила. Една коцка шеќер мери 5 грама.
Мајка ми секогаш одозгора ставаше чоколадна глазура, затоа што ние како деца така најмногу ја сакавме. Мене најдобра ми е онаа која се добива од 100 г чоколадо и 3 лажици масло, а вие пригответе ја по ваш избор.
На насловната фотографија половина од штанглите се прелиени со чоколадна, а половина со глазура од шеќер (кога во суштина е густ сируп) и поради која штанглите добиваат многу убав сјај.
И уште нешто мора да напоменам, дека овој колач не се сече перфектно како то е случај со кремастите колачи и бајадерите кои имаат мазна структура. Убаво се сече и овој колач, но поради сувото грозје може да има нерамнини на пресекот. Но, затоа пак, вкусот е божествен… Гага Херц / Сооlinarika.com