ПИПЕРКИ ВО МЕД ЗА ЗИМА – многу се вкусни и слатки, малку поинаков ручек со специјален вкус. Рецепт на Бојана од каналот Бокина Кујна. Слатки пиперки за зимница – ќе ви се послади од уста, а сите ќе уживаат во нив.




Најчесто ги користам за салата. Можеби досега не сте ги правеле во мед, но морам да кажам дека е превкусно. Иако јадете солено јадење, овие пиперки како гарнир имаат специфичен вкус кој ќе го подобри вкусот на целиот ручек или вечера.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг пиперки, 1,5 литри вода, 1 литар ал-кохолен оцет (9%), 2 мали лажички мед, 200 г шеќер, 100 г сол, 1 ќесичка конзерванс (5 г) и 1 ќесичка винобран (адитив, 10 г).




ПОСТАПКА: Јас секогаш подготвувам голема количина од оваа зимница бидејќи често јадеме, па да имам резерва. Затоа и додавам конзерванс и адитив по една ќесичка. Но, секако доколку не сакате да додавате вештачки конзерванси, имам решение и за тоа, кое може да го прочитате подолу.




Пиперките добро измијте ги, исушете ги, па исчистете ги од дршката, срцевината и семките. Доколку пиперките имаат некој оште-тен дел, отстранете го со нoж. Во поголемо тенџере ставете ја водата.




Во водата додајте го шеќерот, солта, оцетот, медот и една ќесичка конзерванс. Малку промешајте и ставете на рингла да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте ги пиперките колку што собира, па правете ги во тури.




Оставете ги да се варат 1 минута, а потоа веднаш вадете ги додека целосно не омекнале. Потребно е да омекнат малку колку да може да ги сплескате за во теглата. Пиперките редете ги на дрвена даска или голема тава за добро да се исушат.




По сушењето, започнете да ги редите во чисти, стерилизирани тегли. Пиперките легнувајте ги и малку сплескајте ги. Теглите е потребно да бидат чисти, а може едноставно да ги измиете во машина за перење садови, и тоа е доволно.




Во водата додека е се уште врела, додајте го винобранот и оставете да вари додека ги редите пиперките во теглата. Винобран или калиум метабисулфит е адитив кој често се користи во домаќинствата при подготовка на вино, но и за конзервирање.




При редење на пиперките во теглата, наросувајте со малку црн пипер во зрна, помеѓу секој ред. Кога ќе ги наредите пиперките во теглата, заврстете ги на врвот со посебен држач или со чепкалки за заби во форма на Х, за да не ви излегуваат од теглата.




Со врелиот пресол прелијте ги теглите до врвот со помош на кутлача. Потоа на врвот ставете проѕирна фолија (целофан) во два слоја и заврстете со гумено ластиче, па со соодветниот капак. Потребно е вака да отстојат 24 часа на собна температура, па после да ги префрлите на темно и суво место и да ги оставите да отстојат уште 1 месец.

По изминатото време, се подготвени за кoнсyмиpaњe. Доколку не сакате да користите конзерванси и адитиви, тогаш направете го следново: Затворете ги теглите со оригинален метален капак, соодветниот за таа тегла.

Па потоа, ставете ги теглите во ладна рерна и вклучете ја на 90 степени, да се пастеризираат 90 минути. По изминатото време изгасете ја рерната и не ја отворајте се додека целосно да се изладат теглите.

Кога ќе се изладат теглите, се чуваат на истиот начин како што е објаснето погоре. Значи 24 часа отстојуваат на собна температура, па уште 1 месец на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.