ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ, ГОТОВИ СЕ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ: екстра зимница со бомбастичен вкус. Рецепт од каналот Мој Агол. Нема лето да не ги направам овие пиперки со сирење кои се подготвуваат за неколку минути.

Толку се вкусни и неодоливи, и нема кој не ми го побарал рецептот за нив. Користам сомборки пиперки и зрело сирење за пита, но каква пиперка и да имате, лута или блага не е важно бидејќи вкусот е ептен деликатен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг сомборка пиперки, 1 кг сирење за пита, сол по потреба. Ова е еден старински рецепт за зимница, а колку што паметам кога бев дете баба ми постојано ни мачкаше на лепче со овој намаз.

ПОСТАПКА: Постапката на подготовка е многу лесна и едноставна, а пиперките можат да се јадат веќе наредниот ден. Морам да нагласам дека што повеќе отстојуваат во сирењето, толку се повкусни.

Пиперките добро измијте ги, па оставете ги на памучна кујнска крпа целосно да се исушат. Кога ќе бидат целосно суви, извадете им ја срцевината, дршката и околните семки и избоцкајте ги на неколку места да имаат мали дупчиња од каде што ќе апсорбираат од сирењето.

Пиперки со сирење – леле колку е добро ова луѓе мои!

Кога ќе ги исчистите сите пиперки, во секоја пиперка ставете половина чајна лажичка сол и малку протресете за да се распореди. Секоја пиперка превртете ја со отворот кон доле во тепсија или тава и покријте ги со памучна крпа да отстојат 12 часа.

За ова време пиперките дополнително ќе пуштат од нивниот сок, а најдобро е ова да го направите навечер, па следното утро да продолжите со подготовка на зимницата. По изминатите часа, добро пастеризирајте ги теглите.

Во секоја тегла додајте 1 – 2 лажички дробено сирење. Јас сирењето го купувам на пазар, зрело домашно за пита. Потоа секоја пиперка наполнете ја со сирењето и започнете пиперките да ги распоредувате во теглата, колку што има простор, но не ги притискајте.

Кога ќе ги исполните сите тегли, одозгора натапкајте уште малку сирење и наросете со уште малку сол на врвот. Течноста од пиперките не треба да ја додавате во теглите, бидејќи тие дополнително ќе пуштат од нивниот сок, а сирењето брзо ќе го апсорбира тој сок.

Поклопете ги теглите со соодветниот капак, но не ги затворајте целосно. Оставете да отстојат покриени со памучна крпа еден ден, а потоа ќе забележите дека има доволно течност во нив.

Пиперки со сирење во кеса…Кога еднаш ќе го пробате овој рецепт, постојано ќе го правите…

Вака подготвените пиперки може веднаш да се јадат, а теглите е потребно да се чуваат во фрижифер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Подолу ќе ви претставиме уште еден рецепт за филувани пиперки со сирење, но овие се печат и се малку помрсни, сепак се многу вкусни.

Потребни состојки: 3 големи пиперки, 200 г сирење, 50 г сланина, 1 јајце, 50 мл кајмак или кисела павлака, 1 лажица сусам, 1 лажица ленено семе, масло по потреба.

Постапка: Пиперките измијте ги убаво и исцедете ги. Исечете ги на половина и исчитете ги од семките. Сирењето во посебен сад издробете го и соединете го со едно јајце.

Во смесата додајте еден мал филџан за кафе кајмак или кисела павлака, а по потреба посолете. Зачинете со по една лажица сусам и лелено семе по вкус, а за да се збогати вкусот вмешајте и 50 г ситно сечкана сланина или некое друго сувомеснато по ваш избор.

Промешајте добро за да се изедначи смесата, па полнете ги пиперките. Испрскајте со малку масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25-тина минути додека убаво да зарумени.

Пиперките можете да ги сервирате како прилог на печено месо, но бидејќи се заситни може да ги послужите и како главно јадење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.