Некогаш проблемите со зглобовите и ‘рбетот, како и ревматичните тегоби се сметаат за болести на постарата популација. Но, денес сè помлади луѓе cтpа-даат од болести на локомоторниот систем. Затоа експертите го препорачуваат методот за чистење на зглобовите, а со кој воедно се јакне ‘рскавицата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: лушпи од јајца, лимон, мед и чаша топла вода. Постапка: откако ќе ги искористите јајцата, лушпите не ги фрлајте, туку добро измијте ги. Отстранете ја внатрешната опна, па кратко ставете ги во зовриена вода за да се дезинфицираат. Потоа исушете ги и сомелете ги во прав.




Навечер земете една чајна лажичка прав од лушпи од јајца и прелијте со исцеден сок од еден свеж лимон. Наутро оваа течност процедете ја и додајте ја во една чаша топла вода. Засладете со мед по желба.




УПОТРЕБА: Овој напиток потребно е да се пие секое утро, половина час пред појадок, во текот на 40 дена, без прекин. Потоа потребно е да се направи пауза од барем еден месец пред да се повтори постапката.




ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА. Во својот состав содржат 90% калциум и претставуваат најдобар природен извор на тој минерал. Телото многу лесно го апсорбира, бидејќи лушпата од јајцето според хемискиот состав е речиси идентична на човековите коски и заби.




Може да се набави во аптека, а можете и сами да си направите прав од лушпи од јајца. Доколку редовно се конcyмира, може да помогне во ублажување на симптомите од недостиг на калциум и да го спречи развојот на остеопороза.




Покрај тоа, помага против висок холестерол и зголемен притисок, а ја поттикнува и коскената срж на производство на к рвни клетки. Во зависност од возраста, препорачана дневна д оза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.




ПРОТИВ АЛЕРГИИ, КАРИЕС, ЗА СИЛЕН ИМУНИТЕТ. Две лажички лушпа од јајце во прав помешајте со по две лажички мелени семки од тиква, павлака и мед. Земајте по една лажичка до смесата, трипати во текот на денот, половина час пред јадење.




ЧИР И ГАСТРИТИС. Една лажица мелени лушпи од јајца помешајте со една лажица шеќер и една лажица мелено мускатно оревче. Земајте 20 дена, трипати по една лажичка.

На врв од лажичето (прстофат) мелени лушпи од јајца помешајте со две лажици лимонов сок. Кога ќе се растопат во сокот, додајте 100 мл топло млеко. Земајте двапати дневно, наутро на празен стомак и навечер пред спиење.




ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА. Лушпи од осум јајца добро измијте ги, исушете ги и иситнете ги. Потоа прелијте ги со сок од два лимона и оставете ги добро затворени во стаклен сад, да отстојат во фрижидер два дена.

Кога лушпите ќе се стопат, процедете ја течноста и помешајте ја со еден литар ракија и еден килограм мед. Оставете да отстои седум дена пред употреба. Конcyмирајте по една лажица, двапати дневно после јадење.




ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ. Лушпи од 4-5 јајца добро измијте ги, иситнете ги и ставете ги во три литри вода. Водата со лушпите чувајте ги во фрижидер една седмица и користете ја водата за пиење. Дневно земајте две до три чаши со малку лимонов сок. Овој напиток ја прочистува и к рвта.