Мухалебија е традиционален турски десерт кој е прогласен за еден од најубавите слатки на светот. Се прави лесно и брзо, но никого не го остава рамнодушен.
Потребни состојки:
1 литар млеко
30 г кокосово брашно
100 г путер
6 лажици пченичен гриз
1 шолја шеќер
1 ванилин шеќер
Постапка:
Во еден сад растопете го путерот, додадете гриз и мешајте околу 1 минута. Додадете го млекото па продолжете со мешање. Додадете го шеќерот и гответе додека да се згусне.
Во добиената смеса додадете кокосово брашно, промешајте и гответе уште 3-4 минути.
Десертот сервирајте го во посебни чаши и оставете да излади. По желба можете да украсете со кокосово брашно, мелени ореви или цимет.