Home Посно јадење Болни да пробаат, ќе оздрават: Суви пиперки во доматен сос – посно,...

Болни да пробаат, ќе оздрават: Суви пиперки во доматен сос – посно, а ПРЕВКУСНО

За оние кои не пробале, ќе ви откријам превкусен и пикантен прилог и на посна и на масна трпеза.

Моите гости дури и кога на трпезата има печено прасе, приоритет му даваат на ова јадење со црвени пиперки и редовно порачуваат да го има на масата.

За време на постот пак е идеален, само што бара повеќе консумирање леб, за жал.

Земам до десет суви, благи пиперки (или помалку) и 5 – 6 лути суви пиперки.

Ги потпекувам сосема кратко на рингла, по десетина секунди.

Во дрвен аван толчам поголема количина лук, (цела главица, колку повеќе – повкусно), со додадена лажичка сол.

Подизладените, малку потпечени пиперки ги кршам, слободно со раце, сеедно поситни или покрупни парченца врз истиот дрвен аван и нив малку ги толчам сосем кратко. Нека останат и покрупни парченца, сеедно.

Потоа додавам шишенце домашен или купчки сос од домати.  Колку повеќе од доматниот сос, повкусно, а и се добива количина, секако.

Го проверувам вкусот и додавам сол ако е потребно.

Во меѓувреме во тава или мало тенџерче ставам масло да врие. Количината на маслото е според ваш вкус. Кога врие до чадење го истурам врз претходно спремената смеса, промешувам и готово е.

Се подготвува за десетина минути, а вкусот е прекрасен, особено за оние со слаб апетит. И болни ако пробаат, ќе оздрават. Пробајте и уверете се !