За витаминот Д3 објаснува проф. д-р Снежана Џурица, интернист ендокринолог, а под пишаниот текст можете да го погледнете и видео прилогот.
Многу е важно да се изложувате на сончевите зраци во безбедните периоди, односно кога е послабо дејството на УВ зраците, за да му обезбедите на организмот доволно количество на Витамин Д.
Во центарот на вниманието на сите истражувачи од областа на медицината ширум светот е витаминот Д3. Овој витамин е секостероид кој според својата структура има хормонско дејство и затоа многумина автори го нарекуваат ренален, бубрежен хормон.
Витаминот Д3 е одамна познат како антирахитичен витамин применуван кај децата и како суплемент во превенција и терапија на остеопороза кај возрасните.
Функциите што ги има витаминот Д во нашиот организам, се навистина многубројни. Сè уште не е сè познато за овој витамин, но од неговите најважни познати функции може да се издвојат следните дејства:
-го подобрува имунитетот и намалува развој на инфекции;
-штити од малигни заболувања, особено на дојки, простата и црева;
-намалува појава на автоимуни заболувања (ревматоиден артритис, мултипла склероза и сл.);
-ја подобрува состојбата при постоење на дијабетес;
-го пособрува лекувањето на кожни заболувања (псоријаза и егзема);
-поволно влијае на невролошки заболувања и депресија;
-поволно влијае на хипертензија и конгестивна срцева слабост
-ја намалува мускуланата слабост.
Витаминот Д3 (холекалциферол) е витамин, кој поради своето дејство врз речиси сите витални процеси во организмот, се смета за прохормон. Се создава од својот провитамин – дехидрохолестерол и спаѓа во групата на липосолубилни соединенија (растворлив во масти). Во бубрезите се создава во својот активен облик – калцитрол.
Најзначајниот природен извор на витаминот Д е нашата кожа, во која се создава од провитаминот под дејство на УВ сончевите зраци. Како провитамин може да се најде во квасецот и габите, а богати со овој витамин се рибиното масло, рибата, млекото и млечните производи, како и јајцата, особено жолчката.
-доколку постои дефицит на витамин Д, тогаш не може да се апсорбира ниту калциумот кој сме го внеле преку храната (млеко, зелен зеленчук, морски плодови) и да помогне во изградбата на коските.
Калциумот е неопходен за здравјето на коските и се смета дека придонесува за активноста на оние клетки од кои е изградено коскеното ткиво. Исто така, калциумот е важен елемент за нервниот систем, особено кога станува збор за пренесување на импулси.
-поради недостиг на витамин Д може да дојде до патолошко таложење на калциумот во ѕидовите на крвните садови и меките ткива. Па тогаш воопшто не зачудува што многумина се жалат од континуирано создавање на камен во бубрег.
Тогаш, станува јасно дека не е проблот во бубрегот, туку дека истиот настанал поради недостиг на витамин Д, односно поради зголемено лачење на паратхормонот во параштитните жлезди, кој започнал да го извлекува калциумот од коските и со тоа да го разредува и ослабува коскеното ткиво (остеопенија и остеопороза – намалена минерализација на коските).
Поради ова доаѓа до зголемена концентрација на калциумот во крвта и тој се таложи каде ќе наиде на услови за тоа во меките ткива.
Некогаш оваа состојба се јавува како воспаление на мокрачните патишта, некогаш како повторувани воспаленија на бубрежните канали или самиот бубрег. Во тој случај доаѓа до пореметување на функцијата на бубрезите.
Калциумот може да се таложи и во ѕидовите на крвните садови што е многу неповолно.
Постои уште една непријатност која може да се случи поради недостиг на витамин Д, односно зголемено лачење на партхормонот и зголемена концентрација на калциумот во крвта. Имено, кога постојат големи количини на калциум во крвта, може да дојде до нејзино згрутчување и опасност од пореметување на коагулацијата и тромбозирање.
Поради сите овие причини, потребна е редовна контрола на крвта за проверка на нивото на витамонот Д3 во нашиот организам.