“Денес испишавме едно наше пациентче, доенче, на 5,5 месечна возраст кое имаше сложена срцева мана наречена “десна комора со двоен излез” и се карактеризира со тоа што двата големи крвни сада потекнуваат од едната комора.

Во нормални случаи аортата излегува од левата страна а белодробната артерија од десната страна на срцето.

Во текот на бременоста не била утврдена оваа вродена срцева мана, а била откриена дури на двомесечна возраст. Кај нас првично бебето беше донесено кога имаше три месеци.

Извршена е комплексна операција наречена тунелинг, со што се затвора вентрикуларниот септален дефект за да воспостави комуникација помеѓу левата комора и аортата.

Во текот на неколку часа после извршената операција бебето беше исклучено од механичка вентилација, а во текот на следниот ден ги прими лековите кои ја поддржуваат срцевата акција и веднаш започнавме со хранење.

Веќе седмиот ден ги испишавме да си одат дома, бидејќи сè беше во најдобар ред.” – велат од клиниката Жан Митрев.

Мајката на малиот Ајнур од Гостивар е презадоволна и како што таа вели, сите стравови исчезнале кога го видела своето дете дека е подобро и полесно дише.