Home Десерти ИЗМАТИ, ИЗЛЕЈ И ПРЕМАЧКАЈ…Брзо и лесно, може секој да го направи…Многу вкусен...

ИЗМАТИ, ИЗЛЕЈ И ПРЕМАЧКАЈ…Брзо и лесно, може секој да го направи…Многу вкусен и евтин колач

ИЗМАТИ, ИЗЛЕЈ И ПРЕМАЧКАЈ…Брзо и лесно, може секој да го направи…Многу вкусен и евтин колач. А освен што е вкусен, многу брзо се приготвува.

Потребни состојки:

3 јајца
2 лажици шеќер
3 лажици брашно
3 лажици масло
3 лажици рогач
2 лажици какао
1 ванилин шеќер
½ прашок за печиво

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па потоа постепено една по друга додавајте ги жолчките непрестајно мешајќи. На крај додајте го маслото и промешајте.

Сувите состојки измешајте ги во посебен сад, па со лажица постепено додавајте во смесата од јајца и лесно со лажица промешајте за да се изедначи.

Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна големина и печете во загреана рерна на 180-200 степени, околу 10-15 минути или додека се испече кората (проверете со чепкалка)

За крем:

2 кесички пудинг од ванила
700 мл слатка павлака
1 желатин, по желба за поцврст крем
100 г чоколадо по желба (јас ставам сечкани рум плочки)

Постапка:

Сварете го пудингот според упатството на кесичката, но ставете помалку млеко ако сакате кремот да ви биде погуст. Исто така, шеќер додајте по сопствен вкус.

<

Настрана изматете 700 мл слатка павлака за шлаг. Кога пудингот целосно ќе излади, соединете го со шлагот. За поголема цврстина, во кремот можете да додадете 1 шлагфикс или желатин, но јас ретко го користам.

За збогатување на вкусот исечкајте ситно 100 г чоколадо по желба, а јас обично користам рум штангли. Готовиот крем нанесете го врз изладената кора.

За глазура:

На пареа растопете 100 г чоколадо со малку масло и слатка павлака, па рамномерно нанесете врз колачот. За декорација користев карамел-бонбони и рендано чоколадо.