Колешките сите на работа беа воодушевени со вкусот, а потоа кога им го кажав рецептот и од едноставноста на приготвувањето, а покрај тоа и од убавиот изглед.

Во овој колач има јаболка, ореви и гриз, сето тоа спакувано со шлаг од слатка павлака. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 чаша од 200 мл шеќер
3 јајца
1 чаша гриз
1 чаша млеко
3 лажици остро брашно
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер
1 чаша мелени ореви
3 кисели јаболка ситно рендани
½ шолја масло

за фил:

500 мл слатка павлака изматена во шлаг

Постапка:

1.Гризот натопете го во млекото и оставете го 15 минути да отстои.

2.Сите состојки добро изматете ги со миксер (прво јајцата матете ги со шеќерот додека да згуснат, па додајте го маслото, па сувите состојки и на крај ренданите јаболка).

3.Во смесата додајте го натопениот гри3, промешајте и смесата излејте ја во плех 35х20 см претходно намастен и набрашнет.

4.Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час или додека да фати убава златна коричка одозгора и да почне да се одлепува од плехот. Проверете со чепкалка за заби дали е печено.

5.Печениот и изладен колач исечете го на половина. Горната половина издробете ја во трошки и измешајте ја со шлагот од слатката павлака.

6.Премачкајте врз долната кора, а одозгора изрендајте чоколадо. Уживајте во вкусот!