Фантастична мусака, не знаете дали е подобра кога е топла или ладна

Многу е вкусна мусаката со одличен прелив одозгора.

Потребни состојки:

500 г жолта боранија (може и смрзната)
250 г мелено месо
250 млад компир
1 главица кромид
масло за пржење
неколку чешниња лук по желба
2 лажици сечкан магдонос
малку мускатно оревче, босилек, оригано
500 мл кисела павлака
1 јајце
сол, црн пипер
150 г рендан кашкавал

Постапка:

Боранијата исчистете ја, измијте ја и сварете ја во солена вода. Компирот измијте го, излупете го и сварете го во солена вода, па исечете го на тркалца.

Меленото месо запржете го со сечканиот кромид, а пред крај додадете магдонос, мускатно оревче и други зачини, па посолете и запиперете по вкус.

Во садот за печење ставете ред боранија со сечкано лукче и малку црн пипер. Потоа ставете ред мелено месо, па одозгора покријте со тркалца компир.

Јајцето изматете го со киселата павлака и прелијте преку мусаката.

Одозгора убаво наросете со рендан кашкавал, па ставете да се пече во загреана рерна додека да растопи и добие убава боја.

Loading...