Home посни колачи Пита со јаболка – готова за 20 минути, се приготвува со готови...

Пита со јаболка – готова за 20 минути, се приготвува со готови кори

Многу вкусна пита со фил од јаболка и гриз.

Потребни состојки: 500 г тенки кори, 1,5 кг јаболка, 600 г + неколку лажици шеќер, 700 мл вода, 1 ванилин шеќер, 100 г путер или маргарин, малку масло, 3 лажици гриз и по желба ореви, цимет, суво грозје

ПОСТАПКА:

Сируп: 600 г шеќер растопете во 700 мл вода и ставете на оган да зоврие. Ставете го и ванилин шеќерот, па готовиот сируп тргнете го настрана да излади.

Растопете 100 г путер и во него додајте неколку лажици масло. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па додајте неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз, за да го впијат вишокот сок. По желба, во филот можете да додадете цимет, суво грозје и ореви.

По две кори спојувајте, премачкувајте ги со путер и масло, па филувајте со јаболка. Филот се нанесува само на еден дел на почетокот, па потоа се витка во ролат. Испланирајте да ви остане доволно фил за сите кори.

<

Свитканите кори редете ги во плех. Кога сите ќе ги наредите, исечете ги со остар нож, одозгора полијте ги со малку масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Врелата пита прелијте ја со ладен сируп.