Фото и рецепт: Данијела Цоко

Потребни состојки: 2 јајца, 2 шолји шеќер, 2 шолји млеко, 1 шолја масло, 2 шолји мелени бисквити (плазма), 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво.

За премачкување: еурокрем или нутела.
За посипување: мелени бисквити или ореви/лешници. За мерење се користи шолја од 200 мл.

Постапка: изматете две јајца со две шолји шеќер. Потоа додајте две шолји млеко и една шолја масло, па изматете уште еднаш.

Потоа додајте две шолји мелени бисквити, две шолји брашно и еден прашок за печиво. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна големина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка кога е готово.

Печениот колач уште додека е врел премачкајте го со еурокрем и наросете го со мелени бисквити. Јас ставив и сечкани 2 киндер чоколатца.

Фото и рецепт: Данијела Цоко