Едноставно се приготвува, мора да го пробате.

Потребни состојки:

3 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици масло
12 лажици млеко
12 лажици брашно
3 лажици какао
1 прашок за печиво

За прелив:

250 мл млеко
10 лажици шеќер
За премачкување: 3 шлаг пени

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките. Од белките изматете цврст снег, а жолчките измиксајте ги со најголема брзина додавајќи шеќер, масло, брашно, прашок за печиво, млеко и какао.

Кога сите состојки добро ќе се поврзат, додадете го снегот од белки меѓутоа сега матејќи со најмала брзина или со лажица.

Во намастен плех со средна величина излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Додека уште е топол колачот прелијте го со ладен прелив.

Оставете да излади па нанесете го шлагот изматен според упатството на кесичката. Ставете во фрижидер и целосно изладете. Пролетно време може да ставите шлаг и свежи јагоди исечкани на парчиња.

Или можете да го прелиете со чоколадна глазура по ваш избор.

мокар колач