Принцес крофни како од соништата
Без печење, без месење – повкусни од купечките
Ако сакате брз, а сепак раскошен десерт што изгледа свечено и има неодоливо кремаст вкус, овие принцес крофни се совршен избор.
Се приготвуваат без тесто и без печење, со готови крофни и богат ванилин крем кој ги прави меки, сочни и навистина „како од слаткарница“, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За кремот:
• 1 литар млеко
• 150–170 г шеќер
• 3 кесички пудинг од ванила (вкупно 120 г)
• 2 кесички ванилин шеќер (24 г)
• 200 г путер
За дополнување:
• 400 г готови печени крофни за еклери/принцес крофни (2 пакувања × 200 г)
• 1 кесичка шлаг во прав
• 100 мл ладно млеко
За декорација (по желба):
• шеќер во прав
• или
• 100 г чоколадо + 2–3 лажици масло
• НМД

Начин на подготовка
Во тенџере загрејте го млекото до вриење. Во посебен сад измешајте ги шеќерот, пудингот од ванила и ванилиниот шеќер.
Во сувата мешавина додајте 3 кутлачи од топлото млеко и мешајте додека да се добие мазна смеса без грутчиња.
Смесата сипете ја во тенџерето со млекото и варете на умерен оган со постојано мешање, додека да згусне.
Тргнете од оган и во врелиот пудинг додајте го путерот. Мешајте додека целосно да се растопи и да се инкорпорира во кремот. Оставете да се олади на собна температура.
Готовите крофни внимателно пресечете ги хоризонтално, така што горниот дел ќе служи како „капаче“ при затворање.
Во посебен сад пенасто изматете го шлагот во прав со ладното млеко. Добиениот шлаг додајте го во оладениот пудинг и изматете со миксер додека сè убаво да се соедини во воздушест и мазен крем.
Со лажица или слаткарски шприц наполнете ги крофните со кремот и затворете ги со пресечениот горен дел.
По желба, одозгора посипете ги со шеќер во прав или прелијте ги со растопено чоколадо (чоколадото стопете го на тивок оган или на пареа со 2–3 лажици масло).
Оставете ги принцес крофните да отстојат најмалку неколку часа, а најдобро преку цела ноќ, за целосно да го впијат кремот и да станат неодоливо меки и сочни.
Совршени за гости, празници или кога сакате брз, а впечатлив десерт без многу труд. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































