Home Десерти Ролат со ореви и готови кори, брза и вкусна алтернатива на штрудлата

Ролат со ореви и готови кори, брза и вкусна алтернатива на штрудлата

Ролат со ореви – брза и вкусна алтернатива на штрудла

Кога времето ве притиска, а сакате нешто слатко и полно со ореви, овој ролат е идеално решение. Се подготвува брзо од готови кори, а вкусот е богат и задоволителен за сите љубители на ореви, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За премачкување на корите:
4 јајца
200 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
200 мл масло
240 г цврст јогурт или кисела павлака
120 г гриз
1 прашок за печиво
НМД

За филот:
400 г мелени ореви
100 г шеќер во прав
200 мл млеко

Дополнително:
12 помали готови кори
шеќер во прав за посипување (по желба)

Постапка:

Прво подгответе ја смесата за премачкување. Во сад разматете 4 јајца, додајте 200 г шеќер и 2 кесички ванилин шеќер, па матете со миксер додека да се создаде пенаста смеса.

Потоа додајте 200 мл масло и кратко промешајте. Додајте 240 г јогурт или павлака и повторно промешајте. На крајот сипете 120 г гриз и 1 прашок за печиво, па темелно изматете за да се соедини сè.

За филот, во друг сад ставете 400 г мелени ореви и 100 г шеќер во прав. Додајте 200 мл млеко и добро промешајте додека да се добие густа, но рамномерна смеса.

Од 12 помали готови кори ќе подготвите два ролати. Земете една кора и ставете ја на работна површина. Премачкајте ја со дел од смесата.

Преку неа ставете втора кора и повторно премачкајте. Продолжете наизменично додека да ја поставите шестата кора.

На последната кора истресете половина од филот со ореви и рамномерно размачкајте го. Преклопете ги краевите и внимателно завиткајте во ролат.

Пренесете го на плех обложен со хартија за печење. На ист начин подгответе го вториот ролат со преостанатите кори и фил.

Преостанатата смеса за премачкување рамномерно распределете ја преку двата ролати. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, додека да добијат златна боја.

Изладените ролати по желба посипете ги со шеќер во прав, па исечете на парчиња и послужете. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: