Пита со спанаќ и сирење – едноставен и вкусен „зелник“
Оваа пита со спанаќ и сирење е совршен избор за љубителите на традиционалната домашна храна.
Брза за подготовка, со состојки што секогаш ги имате при рака, овој зелник ќе ги воодушеви вашите сетила со богатството на вкусови и меката текстура.
Питата е идеална за појадок, вечера или ужина, придружена со чаша јогурт или кисело млеко, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (за плех 25х30 см):
– 150 мл млако млеко
– 150 мл млака вода
– 7 г сув квасец
– 10 г шеќер
– 350 г брашно
– 4 јајца
– 3 г сол
– 70 мл масло
– 2 лажици кисела павлака
– 150 г ситно сирење
– 100 г исчистен спанаќ
– путер (тенки листови, за одозгора)
– НМД

Постапка:
1. Во подлабок сад измешајте ги млакото млеко, млаката вода, сувиот квасец и шеќерот. Додајте го брашното и мешајте со лажица додека да се формира меко и лепливо тесто.
Покријте го садот и оставете го тестото да ферментира на топло место околу 20 минути, додека да го удвои волуменот.
2. По ферментацијата, повторно промешајте го тестото со лажица. Додајте ги јајцата, солта, маслото и киселата павлака. Мешајте со лажица или со рака додека сите состојки добро се соединат во полутечно тесто.
3. Во тестото додајте го ситното сирење и исчистениот спанаќ. Промешајте за да се распоредат рамномерно.
4. Префрлете ја смесата во намастен и со брашно посипан плех со димензии 25х30 см. Покријте го и оставете го да ферментира уште 10-15 минути на топло место, додека рерната се загрева на 220 °C.
5. Пред печење, одозгора распоредете тенки листови путер. Печете ја питата 40-45 минути или додека да добие убава златно-кафеава боја.
6. Оставете ја питата малку да се излади, исечете ја на парчиња и послужете ја со чаша јогурт или кисело млеко.
Уживајте во оваа вкусна и едноставна пита што ќе го разбуди вкусот на традицијата во вашиот дом! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:




































