Шубари со бисквити кои многу брзо се прават…За 10 минути добивам цел куп ситни колачи, одлични за слави и родендени…Еве што ви е потребно:
ПОСНИ КОЛАЧИ (рецепт 1) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г петит бисквити или по избор (мелени, посни)
1 маргарин 250 г
1 чаша шеќер
1 чаша кокос
1 чаша мелени ореви
какао по желба
малку млеко/растително млеко/сок
Глазура:
чоколадо за готвење
3 лажици масло
ВТОР РЕЦЕПТ (ПОЛНЕТИ ШУБАРИ) – Потребни состојки:
400 г мелени бисквити,
360 г шеќер,
4 лажици какао,
12-13 лажици млеко (може и помалку, по потреба),
2 ванилин шеќер и
200 г путер/ маргарин.
За фил:
4 жолчки,
2 цели јајца,
12 лажици шеќер,
2 лажици брашно,
2 лажици млеко,
50 г чоколадо (Менаж) 4-5 штангли и
200 г путер/маргарин
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Бисквитот се меле, се додаваат сите останати состојки, се меша смесата и се додава млекото по малку, колку да се добие комапктна смеса, лесна за обликување.
Смесата притиснете ја во калапот за цедење лимони, во внатрешниот дел и на тој начин формирајте „шубара“ или „пирамида“ (калапот обложете го со фолија за полесно вадење на колачот).
Чоколадото растопете го со масло, ако е густо додајте малку млеко, па декорирајте по желба со чоколадото… Колачите ставете ги во фрижидер да се стегнат.
ПОСТАПКАТА за рецепт 2 прочитајте ја ОВДЕ:
Пирамиди од бисквити со чоколадо, готови за дваесеттина минути