Многу лесно се приготвуваат, одлични ситни колачи.

пирамиди од бисквити

Потребни состојки: 400 г мелени бисквити, 360 г шеќер, 4 лажици какао, 8 лажици млеко, 2 ванилин шеќер и 200 г путер/ маргарин. За фил: 4 жолчки, 2 цели јајца, 12, лажици шеќер, 2 лажици брашно, 2 лажици млеко, 50 г чоколадо (Менаж) и 200 г путер/маргарин

Постапка: За фил: жолчките, јајцата, шеќерот, брашното и млекото варете ги додека да згуснат. Додадете чоколадо. Кога филот ќе излади додадете изматен путер и сето убаво изматете го да се соедини. За тесто: соединете ги состојките за тесто, со рака замесете и правете топчиња со величина на орев, па влакјате ги во шеќер.

пирамиди од бисквити

На цедалка за лимон од внатрешната страна втиснувајте го топчето во ѕидовите на цедалката. Потоа со лажиче ставајте од филот. Потоа со малку тесто направете капаче и затворете ја пирамидата, па со посилен удар истресете ја пирамидата од цедалката врз дланка. По желба врвовите од пирамидата можете да ги прелиете со глазура од чоколадо.