КОЛАЧ СО 2 ЈАЈЦА, 2 ЈАБОЛКА И 2 РАЦЕ ОРЕВИ…Многу вкусен и брз десерт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г ореви
3 лажици шеќер
2 јајца
80 г шеќер
1 прстофат сол
80 г растопен путер
80 мл млеко
200 г брашно
16 г прашок за печиво
2 јаболка
1 рака суво грозје
ПОСТАПКА:
1.Оревите сомелете ги во блендер заедно со шеќерот. Јајцата пенасто изматете ги со шеќер, ванила и сол, па кога ќе станат кремасти додајте ги путерот и млекото.
На неколку наврати додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и соединете во мазно тесто без грутчиња. Јаболката исечете ги на тенки лентички/коцкички.
2.Намастете и набрашнете калап 28х17 см, па сипете половина од тестото. Одозгора распоредете јаболка и посипете половина од мелените ореви. Одозгора распоредете го остатокот од тестото.
3.Повторно распоредете сечкани јаболка, суво грозје и остатокот од мелените ореви. Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.