Ова е фантастично кремаста чоколаден-кокос деликатес и уште една варијанта за збирката од паметни колачи…
Потребни состојки:
– 10 јајца
– 300 г шеќер
– 10 лажици брашно
– 1 литар млеко
– 250 г путер/маргарин
– 100 г бело чоколадо
– 100 г кокос
– екстракт од ванила или лимон по вкус
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги жолчките со шеќер додека тој се растопи и смесата да се згусне, па додајте растопен и изладен путер и растопено бело чоколадо, малку по малку додавајте брашно и млеко, па на крајот кокосот.
Во посебен сад изматете ги белките додека да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе се преврти садот, па со лажица додавајте ги малку по малку во првата смеса и мешајте рачно и полека за да остане смесата пенлива.
Целата смеса која, е потечна од вообичаените теста за колачи, сипете ја во намастен сад за печење и поросен со малку брашно, со големина околу 20х30 см или малку поголем.
Печете на 165 степени еден час.
Колачот добро изладете го, па потоа сечете го. Одозгора посипете го со шеќер во прав. Рецепт на Линда.