Ќе го правите секој ден: КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ СО ЏЕМ….Многу вкусен и мек, а мириса примамливо… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
100 г шеќер
100 мл масло
150 г кисело млеко/к.павлака/јогурт
200 г брашно
15 г прашок за печиво
џем од бобинки
шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Со миксер изматете 2 јајца, прстофат сол, ванилин шеќер и шеќер додека да добиете густа смеса. Потоа додајте го маслото и матете додека да се инкорпорира.

2.Додајте го јогуртот и изедначете. Брашното помешајте го со прашок за печиво, па просејте го во смесата и измешајте со жица додека да се изедначи.

3.Сипете половина од смесата во калап со средна големина, претходно намастен и набрашнет/обложен со хартија за печење. Одозгора посипете со џем од бобинки, па со виљушка направете шари.

4.Одозгора сипете го остатокот од тестото и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, половина час.

5.Одозгора посипете шеќер во прав и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.