ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ЈАФА КОЛАЧ: Најлесен и најбрз досега, со ист вкус како купечиот колач! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 г шеќер
5 мл екстракт од ванила (1 лажиче)
50 г брашно
1 желатин во прав, 12 г
350 мл сок од портокал свежо исцеден
2 јајца (средни по големина)
За глазура:
50 г екстра темно чоколадо
50 г млечно чоколадо
50 г путер
ПОСТАПКА:
Загрејте ја рерната на 200°C (180°C рерна со вентилатор, 400°F). Обложете го садот за печење со хартија за печење, квадрат од 20 см (8 инчи).
Во сад изматете ги јајцата и 75 грама шеќер додека да се згусне, шеќерот да се растопи, а смесата да стане светла и кремаста – за ова ќе бидат потребни околу 5 минути.
2
Додајте ја ванилата и одозгора просејте го брашното. Со голема лажица вмешајте го брашното во смесата со јајцата, со бавни движења за да остане пенлива. Смесата распоредете ја во обележениот квадрат и израмнете.
Печете 8-10 минути додека да нарасне, да добие златна боја и на допир површината да биде цврста. Оставете да се лади 10 минути, а потоа префрлете го бисквитот на решетка за да се излади на хартијата.
3
Обложете го квадратниот плех од 18 см (7 инчи) со двоен слој најлонска фолија. Измерете го бисквитот и внимателно отсечете ги краевите, таман за да се вклопи во дното на калапот.
Ако колачот не го подготвувате за некоја свечена пригода, тогаш овој ќекор можете да го прескокнете. Оставете настрана.
4
Истурете 150 мл топла вода во голем бокал отпорен на топлина и измешајте го желатинот додека да се раствори.
Потоа измешајте го со шеќерот и сокот од портокал. Оставете да се подизлади, а потоа прелијте го врз бисквитот. Оладете најмалку 2 часа за цврсто да се стегне.
5
Двете чоколади искршете ги на парчиња и ставете ги во тенџере со путерот и 30 мл (2 лажици) вода.
Загрејте на многу ниска температура, повремено мешајќи додека да се растопат – внимавајте смесата да не зоврие. Тргнете го од оган, добро измешајте и изладете 10 минути.
6
Чоколадото со лажица прелијте го врз стврднатото желе од портокал. Оставете на ладно место да се стегне.
Пред целосно да се стегне, направете површински засеци врз чоколадото со остар нож за да направите 16 еднакви делови. Штом чоколадниот прелив ќе се излади, ќе се стегне многу цврсто и ќе стане тешко да се исече ако не е засечен претходно.
7
За сервирање, внимателно извадете го колачот од плехот со помош на фолијата. Внимателно исечете ги коцките. Вашите квадрати од чоколадно желе спремни се послужување. На здравје сладење! Повеќе рецепти за овој колач прочитајте ОВДЕ.