ЈАФА КОЛАЧ се приготвува во ДВА чекори

Потребни состојки:

2 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици млеко

10 лажици масло

15 лажици брашно

1 прашок за печиво

За фил:

4 лажици џем од кајсии

1 поголем замрзнат портокал

4 лажици млеко

2 лажици масло

За глазура:

100 г чоколадо

50 г путер

2 лажици млеко

Постапка:

ЧЕКОР 1: изматете 2 јајца, шеќер, млеко, масло, брашно и прашок за печиво. Печете во голем плех. Ќе добиете потенка кора. Поделете ја на половина и едниот дел изронете го.

ЧЕКОР 2: Во издобениот дел додадете рендан портокал, џем, млеко и масло. Направете еднолична смеса.

Со оваа смеса филувајте ја кората.

Направете глазура од чоколадо, путер и млеко, па прелијте преку филот. Изладете и сечете на коцки.

Претходна статијаБрз ПУДИНГ КОЛАЧ со дупчиња, превкусен, сочен и декоративен
Следна статијаПрироден лек против уринарна инфекција со бактеријата Ешерихија коли