ПЛАЗМА КОЦКИ..Прекрасен колач, едноставен, многу вкусен и количински многу се добива…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

ЗА ФИЛ:
700 мл млеко
1 кесичка ванилин шеќер
200 г чоколадо
70 г скроб/нишесте/густин
уште е потребно:
3 лажици шеќер во прав
125 г маргарин

ЗА БИСКВИТ:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
3 лажици вода
3 лажици какао
1 кесичка прашок за печиво

уште е потребно:
мелена плазма за валање
ЗА ГЛАЗУРА:
100 г млечна чоколада
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Најпрво се приготвува филот за да има време да се олади. Одземете 200 мл од вкупното млеко за да го растворите прашокот за пудинг со ванилата и шеќерот. Остатокот ставете да зоврие, па намалете ја температурата и сипете го полека растворениот пудинг.

Мешајте непрекинато додека да згусне. Додајте го чоколадото и мешајте додека целосно да се растопи и инкорпорира во пудингот. Пресипете во фриг сад, покријте со пластична фолија и оставете целосно да се олади до собна температура.

Одвојте ги белките во посебен сад и со прстофат сол пенасто изматете ги додека да згуснат. Додавајте го шеќерот и матете непрекинато за да се растопи. Кога ќе се добие цврст снег, додајте ги жолчките една по една.

Преку сито додајте ги сувите состојки и сето измешајте го рачно, за да се сочува пенливоста на смесата. Распоредете ја во голем плех обложен со хартија за печење и ставете во загреана рерна на 180 степени. Печете 20-25 минути.

Путерот кој омекнал на собна температура изматете го со шеќер во прав, па во него постепено започнете да го додавате оладениот крем од пудинг и чоколадо. Соединете со миксер додека да добиете фин крем.

Испечената и оладена кора пресечете ја на половина, распоредете 2/3 од кремот врз едната кора и поклопете одозгора со другата. Оставете во фрижидер да се лади нелколку часа, а идеално би било преку цела ноќ.

Потоа исечете ги коцките, премачкјате ги од сите страни со преостанатиот крем, валајте ги во мелена плазма и редете ги исправени. Направете ја глазурата од растопено чоколадо во кое сте додале малку масло и секоја коцка премачкјате ја одозгора.

Оставете ги коцките додека да се стегне глазурата, па послужете ги оладени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.