„КОЊИЧКА“: Салатата која моите синови ја пробаа кај другарка и за која воодушевено зборуваа… Рецептот веднаш го побарав и испробав!

Ова се две верзии од оваа популарна салата која се послужува буквално со сè, а можете да ја јадете и како самостоен оброк. Ова се две верзии кои се одлични по вкус. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кисели краставички
1 феферони
3 чешниња лук
2 варени јајца
300 г фета сирење
100 г кисела павлака
50 г мајонез
2 лажици ајвар
1 лажица сенф

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г (фета) сирење
2 варени јајца
4 чешниња лук
1 лажица сенф
100 г мајонез
200 мл кисела павлака
5 кисели краставички

За декорација:
1 варено јајце
1 краставичка

ПОСТАПКА:

Киселите краставички, лукот и јајцата ситно исечкајте ги.
Иситнете го сирењето со виљушка, па додајте павлака, мајонез и сенф (и ајвар во првиот рецепт).

Мешајте додека смесата убаво да се изедначи, па додајте ги краставиците, јајцата и лукот. Уште еднаш промешајте, послужете, декорирајте, па оставете добро да се излади (по потреба посолете, по вкус). Видео прецепт – ОВДЕ.