ДОМАШЕН ДЕСЕРТ ЗА 5 МИНУТИ: Ќе заборавите на другите кремасти десерти со вкус на сладолед…Секој залак се топи во уста…Никогаш не ми здодеа да го правам и да го јадам. Има одличен, неповторлив вкус! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл млеко
рендана кора од лимон за вкус
1 лажичка ванилин шеќер
2 жолчки
40 г шеќер
15 г скроб/нишесте/густин
сок од 1 лимон
100 г кондензирано млеко*
за декорација: цимет/какао/чоколадо во прав
*како се прави домашно кондензирано млеко за 5 минути прочитајте ОВДЕ.
ПОСТАПКА:
Во млекото додајте ситно рендана кора од лимон и ванилин шеќер, па ставете на оган да се вари.
Во посебен сад одвојте две жолчки (белките искористете ги за нешто друго), додајте 40 г шеќер и изматете ги да се соединат. Потоа додајте го скробот и изедначете за да нема грутки.
Млекото штом зоврие тргнете го од оган и процедете го низ цедалка (да се отстрани кората од лимон). Во процеденото млеко додајте ја смесата со разматени жолчки и енергично промешајте.
Млекото вратете го на оган и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг.
Претурете го кремот во друг сад, прекријте го со фолија и оставете да се олади на собна температура.
Исцедете сок од еден лимон и процедете го низ цедалка. Додајте 100 г кондензирано млеко и изматете со миксер за да се соедини. Кога ќе згусне како крем додајте го претходно оладениот крем од жолчки.
Изматете со миксер додека да се изедначи, па целата смеса претурете ја во соодветен сад претходно навлажнет со ладна вода.
Израмнете и одозгора сипете чоколадо во прав/цимет или нешто по ваш вкус.
Оставете го колачот да се олади во фрижидер 30 минути, а потоа послужете го. Вкусот е неодолив, со витрусна нота. Уживајте во сладењето! Постапката погледнете ја ОВДЕ.