Најубавите мали посни колачи кои освен што се многу вкусни, ќе ве маѓепсаат и со нивниот симпатичен изглед на снежни колиби. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Бел дел:
150 мл бадемово млеко
30 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
12 г скроб/ниѓесте/густин
80 г кокосово брашно
Кафеав дел:
100 г посен мелен бисквит
30 г шеќер во прав
10 г какао во прав
50 г посен маргарин
3 лажички арома со вкус на рум
30 мл газиран сок од портокал
ПОСТАПКА:
Бел дел: во сад се ставаат 100 мл млеко, шеќерот и ванилиниот шеќер и се става на оган да зоврие. Остатокот од млекото соединете го со скробот, да нема грутчиња, па истурете го во зовриеното млеко и гответе со непрекинато мешање додека да згусне.
Се трга од оган и се додава кокосово брашно. Промешајте. Оставете ја смесата да се излади.
Кафеав дел: Во сад истурете ги мелените бисквити, шеќерот во прав и какаото. Промешајте и додајте стопен маргарин, рум и сок. Промешајте за смесата да биде хомогена.
Земете цедалка за лимони и користете ја како калап за „колибите“. Во случајов потребен е внатрешниот дел кој ќе го полниме со смесата, односно цедалката треба да ја превртите наопаку и да ја обложите со кеса (проѕирна фолија).
Прво ставете ја белата смеса, па кафеавата смеса и убаво притиснете. Свртете го калапот врз плех или друга рамна површина и извадете ја „колибата“’. Посипете одозгора со кокосово брашно и изладете во фрижидер. Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ТУКА.