Рецептите за 4 брзи јадења од Хиландар мора да ги запишете, бидејќи имаат незаборавен вкус!

Рецептите од Хиландар ги воодушевуваат луѓето и секогаш со задоволство ги пробуваат, а сите се согласуваат во едно – дека имаат посебен вкус. Овојпат ви откриваме како монасите на Атос прават сарма, полнети пиперки, грав и чорба. Подготовката е едноставна, но затоа мирисот останува засекогаш запаметен.

1. САРМА

Состојки:

2 страка праз
2 главици кромид
1 морков
100 г ориз
350-400 г мелени ореви
100 г чадена риба (лосос)
12-15 листови кисела зелка
Во смесата додајте сол, масло, сув зачин, мелен црн и црвен пипер, лук во прав, магдонос, чили зачин и измешајте.

ПОСТАПКА:

Подготовката е едноставна. На масло пропржете го празот, кромидот и морковот. Во зеленчукот додајте го измиениот ориз, па додајте ги мелените ореви. После тоа, додајте сечкана димена риба.

Додајте ги зачините и измешајте. Свиткајте ја сармата, ставете ја во соодветен сад и ставете ја во рерна. Печете во загреана рерна на 200 степени околу еден час.

2. КОМПИР МАНЏА

Состојки:

1/2 кг компири
1/2 кг кромид
2 моркови
4 месни пиперки
1 китка магдонос
2 лажици сув зачин
2 лажици брашно
мелен црвен пипер, сол

ПОСТАПКА:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, прелијте ги со вода да биде над нив и додајте исечкан кромид, моркови, пиперки и сè сварете на умерена температура. Во малку вода измешајте ги брашното и мелениот црвен пипер и сипете во садот и гответе неколку минути за да добие на густина.

Додајте зачини и сол по вкус, па тргнете го од шпорет, па и сипете еден куп ситно сечкан магдонос.

3. ГРАВ

Состојки:

грав
вода
маслиново масло
кромид
домат
мелен црвен пипер
црн пипер, сол
сув зачин

ПОСТАПКА:

Гравот исцедете го и измијте го, ставете го во тенџере и прелијте со вода колку да го покрие гравот. Варете го на умерена температура и повремено проверувајте и додавајте врела вода доколку има потреба. Не претерувајте со вода, зашто гравот треба да биде густ.

Додека се вари гравот, на маслиново масло пропржете неколку главици крупно исечкан кромид. Кога ќе омекне кромидот додајте ги сечканите домати, мелен црвен пипер и другите зачини.

Со оваа смеса прелијте го сварениот грав, убаво измешајте, па ставете во загреана рерна малку да порумени. Печете додека да фати коричка одозгора.

4. ПОСНИ ПИПЕРКИ

Состојки:

6 суви црвени пиперки
3 страка праз или еден среден кромид
100 г крупно мелени ореви
100 г грав
1 шолја (за црно кафе) ориз
мешавина од зачини од суви тревки
мелен црвен пипер,
сол,црн пипер

ПОСТАПКА:

На малку масло кратко пропржете го празот (или ситно сечканиот кромид), па додајте ги мелените ореви. Сè заедно пропржете уште 2-3 минути и потоа додајте измиен и исчистен ориз и пасиран варен грав.

Продолжете со пржење уште 1 минута, а потоа додајте ја смесата од суви билни зачини и сол и црн пипер по вкус. Варете уште 2 минути на тивок оган. За тоа време, сувите пиперки оставете ги да отстојат во топла вода, за полесно да се полнат.

Потоа полнете ги со подготвениот фил, но внимавајте да не се преполнат до врвот. Полнетите пиперки се редат во тенџере, се додава малку вода и се динста на тивок оган додека да се свари оризот.

По потреба се додава уште вода. Потоа се потпекува во рерна загреана на 200°C и кон крајот на печењето се прелива масло претходно пропржено со мелен црвен пипер. Прочитајте: „Во пресрет на Божиќните пости – 7 рецепти за 7 посни јадења: од полнети пиперки и патлиџани, до печен праз и грав“ – ОВДЕ.