Ситни колачи од една смеса! Се топат во уста! Наједноставниот рецепт! Ако приготвувате посни колачи тогаш наместо путер користете маргарин, и посни замени за бисквитите и чоколадото. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:
500 г шеќер
500 мл вода
250 г путер
470 г мелен бисквит
100 г ситно сечкани ореви
4 лажици какао
*Ако во текот на подготовката смесата се олади и стегне, додајте малку врела вода за да ја омекнете

И уште:
+200 г обланди (5 листови)
150 г чоколадо за готвење
4 лажици масло

ПОСТАПКА:

5 ЛИСТА ОБЛАНДА: 2 листа обланди завиткајте ги во влажни кујнски крпи (натопени во ладна вода и добро исцедени) за да омекнат. Оставете ги вака 20 минути. Други 2 листа обланда исечете ги на половина (да добиете 4 еднакви листа). Последниот лист исечете го на 4 ленти.

ФИЛ: Во тенџере сипете 500 г шеќер и 500 мл вода и оставете да зоврие. Додајте го путерот и промешајте да се растопи. Тргнете го тенџерето настрана и додека е врело додајте ги мелените бисквити, ореви и какао.

1.РОЛАТ: Врз еден цел лист омекната обланда распоредете 2-3 големи лажици од филот, па со помош на хартијата свиткајте ролат и оставете го во замрзнувач еден час за да се стегне.

Потоа сечете го на парчиња.

2.СТАПЧИЊА: Вториот омекнат лист обланда исто премачкјате го со фил како и првиот лист, но овој исечете го на три долги ленти.

Потоа секоја лентичка свиткајте ја во тенок ролат (исто како првиот, само 3 потенки) и ставете ги во замрзнувач 30 минути.

Исечете ги на парчиња со еднаква должина. Краевите натопувајте ги им го растопено чоколадо со масло, а потоа во мелени ореви (или трошки, по желба).

3.ТРИАГОЛНИЦИ/ШТАНГЛИ: Филувајте 4 листа обланда, лесно притиснете одозгора и оставете да се стегне на ладно место 1-2 часа. Потоа сечете ромбови, триаголници, штангли, коцки…

4.НАПОЛИТАНКИ: Филувајте ги 4-те ленти од обланда, завиткајте и оставете во замрзнувач 30 минути. Потоа сечете ги наполитанките.

5.ТОПЧИЊА: Од остатокот од смесата обликувајте топчиња и оставете ги во замрзнувач 30 минути. Потоапувајте ги во чоколадна глазура. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.