4 МНОГУ вкусни салати за Нова година и Божик…Не знаете која од која е повкусна и поубава…

Изберете која било салата по ваш вкус од оваа колекција на рецепти и вклучете ја во вашето мени за некоја свечена прослава, а може и за секој ден, сигурна сум дека ќе ви се допадне секоја салата. Еве што ви е потребно:

1. Слоевита салата „Симфонија“

Месо – 500 г (сирова тежина)
Кисели краставички – 170 г
Варени јајца – 3
Варени моркови – 250 г
Кашкавал – 100 г
Лук – 2-3 чешниња
Мајонез
Магдонос

Месото претходно сварете го во солена вода, исечете го на мали коцки, а потоа и киселите краставички. Изрендајте варени моркови на крупно ренде, а варените јајца и кашкавалот на ситно ренде. На крај додајте ситно исечкан зелен копар и мајонез.

Во месото сипете мајонез и промешајте. Во киселите краставички додајте само малку мајонез, бидејќи веќе се сочни. Во морковите додајте една лажица мајонез, а по желба може и лукче истиснато низ преса, а исто додајте малку мајонез и во ренданиот кашкавал.

РЕДЕЊЕ во калап со дијаметар 19 см: прв слој е месото, распоредете и израмнете, врз него краставичките, па морковите, па кашкавалот и на крај ренданите јајца. Одозгора распоредете многу тенок слој мајонез и посипете ситно сечкан магдонос+копар.

2. Слоевита салата со пилешко и сливи „Негреско“

Димени пилешки гради – 250 г
Варени јајца – 4
Краставица – 2
Шампињони – 250 г
Кромид – 2
Суви сливи – 200 г покиснати 15 минути во врела вода
Мајонез
За декорација на салатата:
магдонос, ореви, зрна од калинка..

Пропржете го ситно сечканиот кромид додека да омекне и тргнете го настрана. Па потоа пропржете ги сечканите печурки и динстајте ги додека да ја сменат бојата и да испари вишокот течност. Помешајте ги со кромидот и кога ќе се оладат додајте им малку мајонез.

Дименото месо исечкајте го на ситни коцки и помешајте го со 2-3 лажици мајонез колку да стане кремасто. Краставицата изрендајте ја на крупно ренде (малку исцедете ги од сокот) и помешајте со малку мајонез.

Сувите сливи процедете ги од водата и ситно исечкјате ги, па помешајте ги со малку мајонез. Варените јајца поделете ги на белки и жолчки, па изрендајте ги. Во белките додајте малку мајонез и помешајте.

РЕДЕЊЕ: прв слој е белки, потоа половина количина од пилешкото месо, па краставицата, па печурките со кромидот, па сливите, па жолчките, тенок слој мајонез и на крај остатокот од пилешкото и тенок слој мајонез.

Одозгора посипете ситно сечкан магдонос/копар, сечкани ореви и зрна од калинка.

3. Редена салата „Мимоза“ на нов начин

Конзервирана риба – 200 г
Варени компири – 2
Варени моркови – 2
Варени јајца – 4
Путер смрзнат- 50 г
Кашкавал (или топено сирење) – 90 г
Мајонез
Копар за декорација

Рибата испасирајте ја со виљушка. Компирите изрендајте го на крупно ренде. Морковите исто така, изрендајте ги. Разделете ги белките од жолчките и посебно изрендајте ги. Кашкавалот изрендајте го, а исто така и смрзнатиот путер. Декорирајте со гранчиња копар.

РЕДЕЊЕ: на дното од чинијата (со обрач) намачкајте тенок слој мајонез, а врз него распоредете ја иситнетата риба. Премачкјате тенок слој мајонез, па распоредете ги варените компири, па мајонез, па путерот, па морковите, мајонез, ренданиот кашкавал, мајонез, ренданите белки, мајонез и на крај жолчките.

4. Салата со црвена риба

Црвена риба малку солена – 180 г (ситно исечакана)
Краставици – 2 (извадено семето и изрендана)
Варени јајца – 6
Зелен дел од копар – 10 г
Зелен, млад кромид – 10 г
За крем:
Павлака 20% (кисела) – 4 лажици
Урда/ крем сирење – 4 лажици
Сенф – 1 лажиче
Сок од лимон – 1 лажиче
Лук – 2 чешниња
Копар мариниран * – 1 лажиче
сол, црн пипер по вкус
* Копарот може да се замени со кисели краставички
црвен кавијар за декорација по желба
Сите состојки измешајте ги.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.