ПОСНИ КОЛАЧИ СО ГОТОВИ КОРИ: Ги направив за слава, супер лесни за подготовка, ама уште побрзи за јадење…Наместо лешници можете да ставите кокос како поевтина варијанта, но исто така многу вкусна.

Може да се приготви и како торта, а за да добие во висина премачкјате ја одозгора со посен шлаг. Нема кој не го сака овој колач и одличен е за слави и други свечени пригоди. Ние го правиме и за секој ден, за со кафе или чај…одличен е ! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување готови медени кори (4 кори)

Фил :
1 литар млеко од соја
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г)
200 г шеќер
250 г маргарин

И уште:
100 г чоколадо
100 г мелени печени лешници

ГЛАЗУРА:
100 гр чоколадо
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Од литар растително млеко одземете малку и во него промешајте го пудингот, а остатокот заедно со шеќерот ставете го на оган да зоврие. Потоа намалете ја температурата, сипете го растворениот пудинг и мешајте додека да згусне.

Сварениот пудинг претурете го во друг сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се олади. Пенасто изматете го маргаринот омекнат на собна температура па соединете го со оладениот пудинг.

Филот поделете го на два еднакви дела:

Во едниот дел додајте мелени печени лешници, а во другиот дел растопено чоколадо. промешајте за да се изедначат смесите.

ФИЛУВАЊЕ: кора, 1/2 чоколаден фил, кора, 1/2 лешников крем…Обложете ја целата торта со проѕирна фолија и ставете одозгора некој терет. Оставете ја преку цела ноќ да отстои во фрижидер.

Следниот ден залијте ја со чоколадна глазура или посен шлаг. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.