Направете поинакви „ледени коцки“ од вообичаените и сладете се во фантастичниот, кремаст вкус. Ќе го обожавате овој десерт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
170 г шеќер
3 лажици брашно
3 супени лажици скроб
1 жолчка од јајце
10 г ванилин шеќер
1 кесичка шлаг (75 г)
400 г бисквити од какао
200 мл вода
1 лажица инстант кафе

За ганаш:
200 мл слатка павлака
60 г чоколадо

ПОСТАПКА:

Сипете го млекото во тенџере, потоа додајте шеќер, брашно, скроб и жолчка, па сè добро измешајте да нема грутчиња. Гответе со непрекинато мешање на умерена температура, додека да се згусне како пудинг.

На крајот додајте го ванилиниот шеќер и убаво измешајте да се соединат сите состојки. Потоа тргнете го од шпорет, покријте го со фолија и оставете го филот да се излади. За тоа време измешајте кафе и топла вода, па промешајте за да се растопи.

Кога ќе се олади сварениот крем, додајте го прашкастиот шлаг од кесичка и убаво изматете за да се соедини.

Во калапот наредете еден слој бисквити кратко натопувани во кафе, па одозгора прелијте и распоредете фил, па уште еден ред бисквити, фил и сè така додека да ги искористите сите состојки.

Израмнете и оставете во фрижидер за да се стегне, а во меѓувреме пригответе го ганашот. Едноставно стопете го чоколадото во загреаната слатка павлака (не смее да ви зоврие).

Прелијте го ганашот и вратете го колачот во фрижидер да се стегне. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.