Тиквата ја испеков во рерна, а потоа додавав или младо сирење или малку мед. Ваквата вечера ме препороди.

Неодамна прочитав колку е здрава тиквата, дека содржи голем број на витамини и минерали кои благотворно делуваат на организмот.

Бидејќи сум голем љубител на тиквата, решив да направам мал експеримент: 20 дена ќе јадам тиква за вечера – секоја вечер.

Не ни сонував дека првите позитивни резултати ќе дојдат толку брзо.

Тиквата ја испеков во рерна така што прво ја излупив, па ја исечкав на коцки, ја ставив на фолија и ја испеков. Некогаш додавав младо сирење, а понекогаш само малку мед.

Убедена сум дека тиквата го подобри моето здравје на овие начини:

За 20 дена јас:

Се ослободив од 3 килограми кои секогаш ми беа „вишок“. Тоа е затоа што тиквата содржи голема количина на влакна, кои го заситуваат телото и го имате тоа прекрасно чувство на ситост во стомакот долго време.

Самата тиква е нискокалорична, па таквата вечера не ја расипува фигурата. Имајќи предвид дека не јадев леб за вечера, можно е тоа многу да придонесе за слабеење.

Кожата на лицето се затегна и заблеска. За тоа очигледно придонела тиквата која го чисти телото од отрови и разни токсини, а нашето лице само го отсликува она што се случува во нашето тело.

Дигестијата ми се подобри, што значи дека столицата се нормализира. Овие проблеми порано многу ме мачеа, но тиквата изгледа ги реши.

Изгледа дека и тиквата ми го подобри видот. Тоа е од кога работам на компјутер, имам проблеми со „заматување“ на видот. Но, после периодот на секојдневно јадење тиква, не ги почувствував овие проблеми.

Поради сите овие придобивки, решив оваа есен да ја вклучам тиквата во менито што е можно повеќе. Веќе најдов неколку рецепти кои со задоволство ќе ги споделам со вас:

Крем супа од тиква:

Потребни ви се: 1 кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 компир, половина килограм исчистена тиква, вода, зачини.

Подготовка: На малку масло пропржете го кромидот и лукот, а потоа додајте го останатиот зеленчук. Сипете вода и оставете да се вари околу половина час. Потоа со рачен блендер испасирајте ја содржината за да добиете крем супа. Додајте зачини и послужете!

Рижото со тиква:

Потребни ви се: 1 шолја ориз, 1 шолја исчистена тиква исечена на коцки, 2 шолји пилешка супа (или вода), 1 мал кромид, 1 чешне лук, 1 голем морков исечен на коцки, 1 шолја слатка пченка; 2 лажици маслиново масло; малку сол, црн пипер, куркума.

Подготовка: На масло пропржете го кромидот и лукот, па додајте ги морковот, тиквата и слатката пченка. Додадете малку вода и динстајте.

Потоа додајте го оризот и зачините. Измешајте го. Истурете ја пилешката супа или вода и оставете да се вари на средна температура. По околу 10 минути тргнете го од шпорет.

Шпагети со тиква:

Потребни ви се: неколку ливчиња жалфија, половина килограм исчистена тиква, 2 чешниња лук, малку сол, бибер, куркума, вода, масло и шпагети.

Подготовка: На масло се пропржува жалфијата за да ги ослободи етеричните масла, па се додава тиквата исечкана на коцки. Потоа додајте малку лук. Сипете вода и оставете ја тиквата да се готви околу 20 минути.

Кога ќе се свари додајте зачини и од него направете пире. Потоа сварете ги шпагетите и на нив додајте го преливот од тиква. Уживајте! Извор: Стил.рс