Ова е број 1 колач кога станува збор за посните слави, а ниедна друга прослава нема да ја промашите ако го имате на трпезата, напротив! За сите оние кои сакаат богат вкус на колачот, со смокви и ореви…Еве што ви е потребно според рецептот на Милица:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г шеќер, 250 г мелени смокви, 250 г сечкани ореви, 1 голем лист обланда или 2 мали
ПОСТАПКА: Во тенџере се ставаат шеќерот и водата, околу 150 мл и кога ќе зоврие, се вари околу 3 минути (се „спинува“, односно колку што е потребно за да се претвори во сируп).
Во сирупот додајте ги мелените смокви и сечканите ореви (исечкани по должина), добро измешајте да се изедначи.
Додека смесата е сè уште топла рамномерно распоредете ја врз обландата, (јас еден голем лист пресеков на половина) израмнете и покријте со друг лист. Не треба ништо да притискате, само почекајте да се стврдне.