Еве уште еден одличен рецепт кој секому успева. Овие колачи немаат специфично име, но многу се вкусни, па секому ги препорачувам.

Брзо и лесно се приготвуваат, па секој дури и без искуство може да ги направи. Лесно се сечат, па одлични се за слави и разни прослави. Еве што ви е потребно спред рецептот на Веги:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г + 50 г брашно, 1 полна лажичка прашок за печиво, 100 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 јајце со средна големина, 1 жолчка од јајце со средна големина, 75 г путер, 2 големи лажици кисела павлака 20% мм.

И УШТЕ: 4 големи лажици вода, 150 г шеќер, 50 г чоколадо за готвење, 150 г мелени ореви (или лешници), 100 г путер

ПОСТАПКА: Во сад просејте 200 г брашно со прашок за печиво. Додајте путер омекнат на собна температура и добро измешајте, а потоа додајте ги шеќерот и ванилата и повторно измешајте.

Јајцето, жолчката и павлаката изматете ги кратко со вилушка, па додајте ги во смесата со брашното и замесете тесто.

Развлечете го тестото во правоаголна кора со димензии на плехот. Посипете го со преостанатите 50 г брашно и ставете го во намастениот и набрашнет плех за печење 33×23 см.

Избоцкајте го со виљушка и ставете да се пече во загреана рерна на 180 C додека малку да добие боја околу рабовите. Додека се пече тестото, подгответе го премазот.

Водата и шеќерот загрејте ги на шпорет додека да се раствори шеќерот. Од моментот на зовривање оставете да се вари две минути.

Тргнете го сирупот од шпорет и додајте ги оревите, чоколадото и путерот. Мешајте додека да се растопат путерот и чоколадото и смесата да стане еднолична и мазна.

Испечен и уште топол бисквит премачкајте го со сварената смеса. Изладете и исечете ги на стапчиња/барови/штангли.

Послужување: најдобро е да ги исечете следниот ден, но штом ќе се изладат можете без проблем да ги исечете.