Не ја чекам зимата без овој рецепт… и не купувам пиперки цел зимски период. Ќе ви го покажам основниот рецепт за 5 кг пиперки, а вие по потреба соодветно зголемете ги количините ако сакате да направите поголема количина. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг црвени пиперки, 2 главици лук, 1 китка свеж магдонос, 1 чаша маслиново масло (200 мл), 1 чаша вински оцет (200 мл), 30 мл сок од лимон, 2 супени лажици крупна сол, 1 супена лажица шеќер
ПОСТАПКА: Измиени и избришани пиперките наредете ги во плех обложен за печење и ставете ги во загреана рерна на 230 степени. Печете ги 20-25 минути или додека оцените дека се испечени. редете ги во тенџере со капак или во кеса.
Оставете ги така затворени 15-тина минути колку да подизладат и да им се одлепи лушпата. Излупете ги и отстранете им го семето. Исечкајте ги на коцки или по желба.
Одвојте ги чешнињата лук и сипете ги во сад со топла вода и оставете ги да одморат. Ситно исечкјате една богата китка свеж магдонос. Излупете го лукот, па и него исечкајте го.
Во широко и големо тенџере сипете го маслото и вклучете ја ринглата да се загрева на умерено. Додајте го оцетот, лимоновиот сок, солта и шеќерот, па мешајте додека сето да се растопи и зоврие.
Додајте ги сечканите пиперки, промешајте, па додајте ги сечканиот магдонос и лук, па повторно промешајте. Поклопете и гответе 10 минути со повремено промешување. За тоа време попарете ги капаците со врела вода, а теглите стерилизирајте ги во рерна на 100 степени.
Полнете ги теглите, избришете ги ако ви се накапало од страните, па цврсто затворете ги и превртете ги на капаците за да се вакумираат. Покријте ги со ќебе и оставете ги така да се оладат до следниот ден.
Потоа складирајте ги заедно со другата зимница и чувајте ги на суво, темно и ладно место. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Маринирани пиперки во тегла – на македонски начин“ – ОВДЕ.