Пригответе економично, посно јадење, кое е повкусно дури и од месо. Многу е слатко и откако еднаш ќе го пробате, сигурно често го приготвувате. Искористете ја сезоната на модриот патлиџан и пригответе си го, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голем модар патлиџан, 2 супени лажици масло, 1 или 1/2 главица лук (или по вкус), 5 домати со средна големина, сол, 2 лути пиперки, малку вода

ПОСТАПКА: Модриот патлиџан излупете го и исечете го на плочки со приближно 1.5 см дебелина. Посолете ги од двете страни и оставете ги 10-тина минути да одморат додека да ги испуштат соковите.

Натапкајте ги убаво со хартиена салветка за да ја избришете течноста од нив. Сипете малку масло во тавата (1 см) и загрејте го на умерена температура. Испржете ги парчињата модар патлиџан додека да добијат убава златна боја.

Редете ги врз хартиена салветка за да се исцедат од вишокот маснотија и тргнете ги настрана. Загрејте маслиново масли на умерено пониска температура, па сипете ги излупените чешниња лук и пржете ги на тивко додека да заруменат.

За тоа време измијте ги и исечете ги доматите на тркалца со дебелина слична како и патлиџаните. Наредете ги во тавата врз лукчињата, додајте ги лутите пиперчиња, послете и малку промешајте. Запиперете и додајте зачини по вкус.

Поклопете и гответе 5 минути под капак. Потоа превртете ги доматите да се испржат и од другата страна, па повторно поклопете и гответе следните 5 минути, на умерена температура.

Потоа додајте ги претходно испржените парчиња модар патлиџан, долејте малку вода и гответе уште неколку минути додека се соединат вкусевите. Вашето јадење е готово и можете да го послужите.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Евтин и брз ручек со модар патлиџан: Поубав и поздрав е од лазањи и редена мусака“ – ОВДЕ.

Евтин и брз ручек со модар патлиџан: Поубав и поздрав е од лазањи и редена мусака