Ние Македонците знаеме пиперките да ги приготвуваме на милион и еден начин, а ова е еден од тие начини.

Потребни состојки: 50 црвени меснати пиперки, 250 мл масло, 250 мл оцет, 1 рака шеќер, 1 рака сол, 2-3 главици лук, 2 китки магдонос, 1 кесичка црн пипер во зрно

Постапка: Пиперките испечете ги, излупете ги, но само дршките вадете им ги, оставете ги цели. Маслото, оцетот, солта и шеќерот ставете ги на оган да зовријат во поголемо тенџере.

Кога маринадата ќе зоврие, ставете ги пиперките малку да се подварат. Ова правете го на тивок оган и немојте да ги мешате пиперките, туку само протресувајте го тенџерето. Маринирањето трае максимум 10 минути.

Лукот исчистете го и ситно исечкајте го, па измешајте го со ситно сечканиот магдонос и црниот пипер. Кога малку ќе изладат пиперките, редете: ред пиперки, па ставете одозгора лук и магдонос, па повторно пиперки и продолжете по истиот редослед.

Полијте ги со маринадата и оставете ги теглите отворени преку цела ноќ. Наутро долејте уште малку од маринадата и затворете ги теглите.