Сите се стрвни за оваа пита! Рецепт кој треба да си го запишете – најкрцкавата пита со сирење! Кога еднаш ќе приготвите пита според рецептот на Ивана, повеќе никогаш нема да го менувате. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 3 јајца, 100 мл масло, 100 мл течен јогурт, 400 г ситно/младо сирење, 150 г фета сирење, 1/2 лажичка сол или по вкус, 1 мала лажичка прашок за печиво (5 г).
ЗА ПРЕЛИВ: 200 мл газирана вода, 100 мл масло и 1 мала лажичка прашок за печиво (5 г). И уште: 500 г тенки кори за пита
ПОСТАПКА: Во подлабок сад рачно изматете 3 јајца и додајте по 100 мл масло и јогурт, сирењето и сол по вкус, па сето добро соединете го со виљушка. Кога сето ќе се изедначи, додајте една мала лажичка прашок за печиво.
За прелив измешајте ги газираната вода и маслото во една чаша, додајте една мала лажичка прашок за печиво и тргнете настрана. Отворете една кора и премачкјате ја одозгора со преливот.
Превиткајте ја надолжно, па нанесете од филот и свиткајте тенка ролничка. Постапката повторете ја со останатите кори, а ролничките наредете ги во плех обложен со хартија или намастен со масло.
Одозгора премачкјате ги со масло и оставете ги да отстојат 10 минути додека се загрева рерната на 220 степени. Одозгора можете да наросите семе по желба. печете приближно 35 минути или додека да зарумени.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ПИТА СО СИРЕЊЕ ЗА 15 МИНУТИ: Со готови кори, а поубава од бурекчилница“ – ОВДЕ.
ПИТА СО СИРЕЊЕ ЗА 15 МИНУТИ: Со готови кори, а поубава од бурекчилница