Супер вкусна и брза обланда: За 15 минути, без валкање на садови, а вкусот е неодолив. Рецептот за крцкави наполитанки со Нутела, мој омилен бидејќи се подготвуваат за час. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување на обланда, 200 г нутела, 300 мл млеко, 200 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 160 г брашно. Ова се основните состојки, можете да додадете јаткасти плодови, бисквити, кокос или нешто по ваш избор. Овојпат ставив 150 г скршени бисквити.
ПОСТАПКА: Подготовката е многу едноставна. Во сад ставете млеко, брашно, шеќер и нутела. Брзо измешајте сè во едно тенџере на шпорет, мешајте енергично за да се растопат грутчињата и веднаш штом ќе го направите тоа, додајте го путерот.
Сè се готви вкупно 4 минути. Кога и путерот ќе се растопи и ќе добиете еднолична смеса, додајте ги кршените бисквити и мешајте за рамномерно да се распоредат.
Потоа само ќе ви преостане да ги филувате обландите и тоа внимавајте од покрупната страна (мазната страна да биде однадвор). Поклопете ги одозгора со некој терет и оставете да се стегнат и оладат. Штом обландата се стегне, сечете ја на парчиња и уживајте!
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ролат свиткан во обланда кој се приготвува за само 15 минути – најбрзиот колач кој убаво изгледа и има одличен вкус“ – ОВДЕ.