Здраво, јас сум родена во Австралија и мажена за Македонец. Секојпат кога доаѓавме во посета, мојата свекрва нè пречекуваше со овој десерт. Од првиот залак ме освои и постојано замолував да ми покаже како се прави.

Но, следниот ден таа само ќе го направеше и ќе нè послужеше „заборавајќи“ да ме повика за да ја гледам подготовката. Јас не го зборувам нејзиниот јазик, ниту таа мојот, но имаме взаемно почитување.

Оваа година инсистирав да го дознаам рецептот за да можам и јас да го правам кога ќе се вратиме дома. Па така, го замолив мојот сопруг да сведочи и да го преведе, а јас бев толку многу воодушевена што одлучив да го споделам овој рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 литар млеко, 8 супени лажици шеќер (или по вкус), 2 кесички ванилин шеќер, 1.5 супена лажица густин

ПОСТАПКА: Пенасто изматете ги жолчките со постепено додавање на 4 лажици шеќер и ванила. Матете додека тој се растопи. Додајте густин и малку млеко кое ќе го одземете од еден литар (за да се разреди).

Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие. Во меѓувреме пенасто изматете ги белките со постепено додавање на 4 лажици шеќер и ванила. Матете доволно долго додека да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе го превртите садот.

Со лажица црпете од снегот од белки и спуштајте во врелото млеко (малку намалете ја температурата колку да струи). Почекајте неколку секунди да порасне белката, па превртете и од другата страна уште неколку секунди.

Со решеткаста лажица вадете ги сварените „облачиња“ од белки и редете ги во соодветен сад. Во топлото млеко сипете ја смесата од жолчки и варете со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг.

Сварениот крем сипете го врз „облачињата“ од белки, оставете да се олади па послужете, а можете и обратно. Ние често не дочекуваме да се олади и шненоклите ги јадеме уште топли. Веројатно многумина од вас веќе го знаете овој рецепт, но имав мерак да го споделам – Кристин.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Видеопрезентација од рецептот можете да погледнете ОВДЕ , во презентација на Љубица Сомборчев.

Следно прочитајте: „Ех, ма каков сладолед и чизкејк!“: Направете си го овој едноставен десерт збогатен со плазма, нема да се покаете (ШНЕНОКЛИ на модерен начин)“ – ОВДЕ.

„Ех, ма каков сладолед и чизкејк!“: Направете си го овој едноставен десерт збогатен со плазма, нема да се покаете (ШНЕНОКЛИ на модерен начин)