Ова е најбрзиот колач кој изгледа многу декоративно а истовремено има многу добар вкус.

Потребни состојки:

2 листа обланди
300 мл млеко
400 г бисквити
150 г маргарин/путер
3 лажици шеќер
100 г чоколадо
по желба може да се додаде шака ореви, лежници, кокос или рендана кора од лимон или портокал за арома.

Постапка:

Листовите обланда омекнете ги во влажни крпи. За тоа време пригответе го филот:

Сварете го млекото, шеќерот, путерот, чоколадото. Искршете ги бисквитите, па прелијте ги со врелата смеса.

Со половина од филот премачкајте ја едната обланда и добро натапкајте за да нема празнини. Свиткајте во ролат.

Истото повторете го и со вториот лист обланда. Оставете ги ролатите во фрижидер да се стегнат и изладат неколку часови, па сечете и уживајте во брзио и вкусен колач.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: