Потребни состојки:
4 модри патлиџани со средна големина
1 чаша павлака
2-3 чешниња лук
1 супена лажица лимонов сок
3-4 супени лажици маслиново масло
сол
Постапка:
Модрите патлиџани испечете ги и ставете ги кратко во најлон да се спурат.
Малку изладените модри патлиџани излупете ги и исечкајте ги ситно.
Во подлабок сад измешајте ги исечканите модри патлиџани, павлаката, солта, лимоновиот сок и истолчениот лук.
Сервирајте во чинија и врз салатата испрскајте малку маслиново масло. Декорирате со маслинки и свежи гранчиња рузмарин.