Лековита ракија од мајчина душичка за болки во нозете, циркулација, бронхит, главоболка…

Лековита ракија

До една третина во едно шише или тегла се става издробена мајчина душица па се дополнува со појака ракија, се затвора и се остава на сонце 4-6 недели.

Се процедува и се става во чисто шише и се чува на суво и темно место.

Се пие по една ракиена чашка против болки во стомакот.

Со оваа ракија добро е да се масираат нозете ако болат, грбот и градите поради загревање.

ЗА ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА и болки во нозете

Потребни состојки за една доза:

50 цветчиња невен

100 г рузмарин

100 г кантарион

100 г мајчина душичка

100 г семе од коприва

1 литар појака ракија

Подготовка:

Сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла.

Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати.

Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише.

Употреба:

Се консумира по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.

Дејство:

Тинктурата овозможува подобра снабде­ност на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува мож­носта за создавање на тромб, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ги отстранува болките во нозете, ги намалува отоците, чувството на трнење…

Исто така го намалува и нивото на триглицериди и холе­стерол во крвта и поволно влијае на функцијата на црни­от дроб.

МАСЛО ПРОТИВ ГЛАВОБОЛКА

Малку е познато дека маслото од мајчина душичка е исклучително ефикасно за намалување на главоболките доколку се масира болното место.

Од маслото сеприготвува антисептички распрскувач во забните пасти и течностите за испирање уста.

МАЈЧИНА ДУШИЧКА ПРОТИВ БОЛКА ВО ГРЛОТО

1 лажица мајчина душичка прелијте со 150 мл врела вода и оставете да отстои 15 минути. Процедете, засладете со малку мед и лимонов сок и пијте трипати дневно.

Чај од мајчина душица – за проблематични менструации

За чајот од мајчина душица е познато дека помага кај заболувањата на дишните патишта, а се употребува и против желудечни тегоби и проблеми со варењето.

За чајот од мајчина душица веќе споменавме дека е особено добар за смирување на нервниот систем, и дека влегува во состав на многу лекови за смирување.

Така уште еднаш ќе нагласиме дека чајот од мајчина душица е ефикасно средство за да се справите со стресните денови и да се релаксирате.

Чајот од мајчина душица е многу ефикасен за смирување на цревната перисталтика, па поради тоа се користи во случаи на интензивна дијареа, сам или во комбинација со друга терапија.

Овој чај е особено користен и при нередовни менструации, болни и обилни менструации, исто така сам или во комбинација со друга терапија.

Го препорачуваме на сите жени кои имаат проблематичен месечен циклус. Во тие денови интензивно конзумирајте го чајот од мајчина душица и со сигурност ќе забележите олеснување.

ЗА РАЗМЕКНУВАЊЕ НА СЛУЗТА ОД БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И ИСКАШЛУВАЊЕ

Мајчината душица има антивоспалително, антимикробно дејство, го олеснува искашлувањето на секретот од белите дробови и ги отстранува болката и тежината во градите.

Затоа се користи при лечење на на воспаление на дишните патишта и белите дробови (бронхит, бронхопневмонија, бронхијална астма, ларингит, туберкулоза).

Механизмот на дејството на мајчината душица е врзан со присуството на тимолот.

Тој ја размекнува слузта во дишните патишта и ги стимулира трепките со кои се обложени дишните патишта полесно да ја исфрлат растворената слуз.

Дејството на мајчината душица во случаите на настинка и акутен бронхит е научно докажано.

Една германска студија во која учествувале 721 пациенти со бронхит покажала дека екстрактот од мајчината душица ги ублажува нападите на кашлица за 70%.

За размекнување на слузта во бронхите и за олеснување на искашлувањето може да се подготви чајна мешавина:

15 г мајчина душица,

15 г корен од јаглика (primula officialis), и

15 г лисја од подбел (tussilago farfara).

За припремање чај од оваа мешавина се зема 1 голема лажица и се прелива со 250 мл зовриена вода.

Се остава да стои 15 минути, се додава 1 лажица мед. Чајот се пие исклучиво топол, постепено, во голтки.

Дневно треба да се испијат 3 до 4 шолји. Може да се подготви и тинктура од мајчина душица со 200 г лист од мајчина душица, 100 г глицерол, 320 г концентриран алкохол (96 %) и 580 г провриена вода.

Иситнетите лисја се преливаат со смеса од глицерол и алкохол. Треба да отстојат 8 дена и повремено да се промешуваат. Потоа тинктурата се процедува. Од оваа тинктура се земаат три пати дневно по 20 до 30 капки, кои се накапуваат на коцка шеќер.

Тинктурата може да се употребува и за локално втривање (масажа) при болки во мускули и зглобови, но и кај болни од мултиплекс склероза.

Иситнета мајчина душица во свежа состојба натопена како кашичка се употребува за компреси при лечење рани, против загнојување.

Поради големата содржина на тимол, мајчината душица може да покаже и надразнувачко дејство врз слузницата на желудникот.

Затоа не се препорачува долготрајна употреба кај болни со чир на желудник или на дванаесетпрсното црево. Тимолот треба да се дозира внимателно и при бременост.

Тимол во доза од 0.05 до 0.10 г се користи при метеоризам (гасови во црева) и пролив.

Loading...