Ова е десертот кој ги восхити моите гости – мислеа дека е купечки

Потребни состојки:

500 г мелени бисквити
20 корнети за сладолед
200 г чоколадо за готвење
150 г желе бонбони
1 путер/маргарин 250 г
250 г шеќер во прав
150 г пржени лешници
2 лажици масло

Постапка:

1.Желе бонбоните исечете ги на коцки, а лешниците сомелете ги покрупно.

2.Путерот и шеќерот во прав заедно изматете ги пенасто, па додајте ги мелените бисквити и промешајте.

3.Во смесата додајте сечкани желе бонбони и 150 г растопено чоколадо, па промешајте со лажица.

4.Направете глазура: истопете 50 г чоколадо со 2 лажици масло.

5.Корнетите полнете ги со приготвената смеса, а врвовите натопувајте ги во глазура и лешник.